За нас | Bregal DOO

БРЕГАЛ ДОО

За нас

Брегал ДОО е компанија со приватен капитал која започна со работа во 2005 година со седиште во Делчево.
Брегал работи со многу од водечките светски компании преку различни договори, партнерства и заеднички вложувања.

Kомпанијата обезбедува разновидна палета на висококвалитетни производи за трговците на мало, синџир супермаркети, трговски центри, текстилни компании.

Ние сме вистинскиот партнер за Вас

Вашиот добавувач на големо

ЗА НАС

Брегал ДОО е компанија со повеќегодишно искуство, основана во 2005 година, која денес претставува сигурен и докажан партнер за бизниси од различни индустрии. Нашата приказна започнува со јасна визија – да обезбедиме квалитетни производи, современи решенија и долгорочна вредност за нашите клиенти.

Со текот на годините, Брегал се разви во динамична компанија која успешно работи во повеќе сегменти, комбинирајќи трговија, технологија и индустриски решенија. Нашиот пристап се базира на доверба, професионалност и континуирано подобрување.


Нашата мисија

Нашата мисија е да им помогнеме на компаниите и поединците да растат и да се развиваат преку обезбедување на квалитетни производи, напредна опрема и ефикасни решенија. Секогаш се стремиме да ги разбереме потребите на клиентите и да понудиме решенија кои носат реална вредност.


Нашата визија

Да бидеме препознатлив бренд во регионот и пошироко, познат по сигурност, квалитет и иновативност. Континуирано инвестираме во нови технологии, партнерства и развој со цел да обезбедиме одржлив раст и модерни решенија за иднината.


ШТО ПРЕТСТАВУВА БРЕГАЛ ДЕНЕС

Денес, зад Брегал стојат повеќе од 6.000 задоволни клиенти и стотици деловни партнери низ цела Македонија.

Во нашето портфолио се наоѓаат над 5.000 производи и решенија, во повеќе клучни сегменти:

  • Машини за текстилна индустрија и резервни делови
  • Нон-фуд производи за супермаркети
  • Логистика, шпедиција и персонализиран увоз
  • Проектирање и изведба на фотонапонски централи (Austa панели, Deye инвертери )
  • Системи за греење и ладење – изведба на инвертер топлински пумпи Sunrain
  • Инвестиции во недвижности и продажба на станови, станбен комплекс Dream Life во Делчево
  • UBTECH роботика – индустриски и образовни роботи

НАШАТА ПРИКАЗНА

Почетоците на основачите, беа исполнети со ентузијазам, верба и скромен старт. Сè започна со една обична играчка, купена од локален пазар.
Таа играчка – која и денес ја чуваме – е симбол на нашето патување кое трае веќе 20 години.

Изгледаше како мал чекор, но зад него стоеше голема визија: да се изгради нешто значајно, стабилно и долгорочно.
И успеавме.

Веќе следната година започнавме со првите контакти со Кина, првите увози и првите каталози.
Од мала локална трговија, Брегал започна да се трансформира во сериозен и организиран бизнис.


НАШИОТ РАЗВОЈ

2005
Основана е Bregal DOO – почеток со јасна визија за сигурен и доверлив трговски партнер.

2008
Воспоставени нови партнерства со компании од Турција и значително проширување на асортиманот.

2010
Отворен сопствен објект од 1.250 m² (магацин, канцеларии и изложбен салон).
Формиран тим од 20 вработени.

2013
Влез во најголемите синџири супермаркети во Македонија.

2015
Развој на сопствена логистика и шпедиција од Кина до Македонија.

2016
Станува ексклузивен дистрибутер на индустриски машини Juki.

2017
Проширување соOrox  Orox – италијански машини и воведување автоматска кројница.

2019
Започнува сопствено производство под брендот Bregal.

2020
Достигнат обрт од 6 милиони € и тим од 35 вработени.
Проширување на капацитетите со 3 магацини (1.250 m², 360 m² и 610 m²).

2022
Ново поглавје – основана Bregal Building и започнат првиот станбен проект „Dream Home“.

2023
Основана Bregal Technology Solutions – развој на сопствен бренд на автоматски машини.

2024
Влез во секторот обновлива енергија: фотонапонски централи и партнерство за Sunrain топлински пумпи.

2025
Започната втората станбена инвестиција „Dream Life“ во Делчево.



КОНТИНУИРАН РАСТ И РАЗВОЈ

Брегал постојано се адаптира на пазарните трендови и потреби, проширувајќи го своето портфолио и подобрувајќи ги услугите. Нашата посветеност кон квалитет и развој е основата на нашиот успех и довербата што ја градиме со клиентите.

Голема палета на производи

За снабдување на производи, што му се потребни на Вашиот бизнис.

Големопродажни цени

Нашите цени се прифатливи и промотивни, што може да си ги дозволите.

Навремена испорака

Нашите производи се испорачуваат навремено, можност и со наше возило.

“ COMING Together is a Beginning,
STAYING Together is Progress,
WORKING Together is Success ”

-Henry Ford-